Пет луѓе се повредени во сообраќајна несреќа при судир на три возила утринава околу 10 часот на автопатот Тетово-Гостивар.
-На автопатот Тетово-Гостивар се случила сообраќајна несреќа во која учствувале три патнички моторни возила: „сеат леон“ со гостиварски и „фолксфаген голф“ и „фиат“ со тетовски регистарски ознаки. Во несреќата, со повреди се здобиле вкупно пет лица кои веднаш се пренесени во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош, информираат од СВР Тетово
На местото на несреќата увид врши екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар