Неколкумина планинари вчера ја поминаа Миленумска патека за да ја освежат планинарската маркација и да ја исчистат од нарасната вегетација. Во недела 13 октомври ќе се одржи седмата по ред планинарска акција Милениумска патека.
„Сега патеката е подготвена за уживање на сите. Сепак, станува збор за планинарска патека, за која се потребни солидни обувки и облека. Пријавување е задолжително, поради видот на патеката која не е кружна, односно поаѓаме од с.Блаце, а завршуваме во с.Стенче каде што ќе не чека организиран заеднички превоз“ информираат од ПК „Јелак“.
– Цената за превоз Тетово-с.Блаце и с.Волковија-Тетово е 200 денари.
– Пријавувањето е најдоцна до 12.10.2024 (сабота) до 12:00 часот за да имаме попрецизна бројка за организација на превозот.
Борис-Цули: 070/596-637
Владо-Трпе: 070/523-400.
По седми пат ќе се одржи планинарската акција „Милениумска патека“ в недела 13 октомври