Планинари од 16 друштва и клубови од повеќе земји на Балканот, викендот беа гости на планинарскиот клуб Љуботен од Тетово како домаќини на 26. Балкански планинарски средби. Активностите се одвиваа на Шар Планина, односно се искачија Титов Врв, Плат и Јелак од страна на 105 учесници од сите балкански држави, без домаќините.
„Во рамки на 26. Балкански планинарски средби имавме три искачувања кои поминаа во најдобар ред. На Титов Врв на 2747 метри надморска височина се искачија 60 учесници, на Врв Плат (Горна Лешница) 2398 мнв, имаше 25 планинари и на Јелак 1850 мнв, дваесетина луѓе. На заедничкиот работен состанокот се дефинираше следниот домаќин, на Балканските средби, а тоа ќе биде планинарското друштво „Жељезара“ од Зеница, Босна и Херцеговина, информираше Јован Божиноски, претседател на ПК Љуботен од Тетово.
Дел од активностите во рамки на средбите беа посетата на канцелариите на домаќинот ПК Љуботен, Инфо Центарот за Шар Планина, Арабати Баба Теќе и Шарена Џамија.
ас
фото ПК Љуботен