ФК Вардар Брвеница од есен ќе се натпреварува во Третата фудбалска лига Запад, пласман обезбеден со третото место во четвртата регионална тетовска лига.
Пласманот следува по повторната регистрација на клубот во Фудбалската федерација во 2022 година по 21 година пауза.
Од 24 натпревари натпревари оваа сезона Вардар Брвеница имаше 16 победи, 5 нерешени дуели и само три порази. Во Брвеница ни една гостинска екипа не победила.
-Нашата Брвеница останува неосвоива тврдина, оваа сезона ја завршуваме со пообеда и скор за сезоната 2023/2024 на домашен терен со резултат од 10 победи, три нерешени и нула порази, порачаа од ФК Вардар Брвеница.
Во последниот дуел вчера Вардар ја совладата првопласираната екипа на Влазерими Слатино со 3:1
Паралелно со регистрацијата на клубот, во Брвеница за прв пат по 21 година се реконструираше и и фудбалски стадион.
ас
фото ФК Вардар Брвеница
Брвеница по 21 година доби фудбалски клуб и реконструиран стадион