Во организација на карате клубот „Фати“ од Тетово во недела 22 септември ќе се одржи 21-тото издание на меѓународен турнир во карате „Тетово опен“.
Турнирот ќе се одржува во спортската сала на средното стручно училиште „Никола Штејн“ во Тетово.
Се очекуваат повеќе стотици каратисти од Македонија, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Турција
Организаторите ги поканувааат граѓаните да го следат турнирот во недела од 10 до 18 часот. Турнирот е дел од годишниот календар на натпреварувања на карате федерацијата на Македонија.