Почина Јабланка Веселиновска (79), гимназиска професорка во пензија
На 79 години почина Јабланка Веселиновска, која повеќе децении беше професорка по физичка култура и воспитание во Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, информираат од месната заедница во Вратница и роднини.
Таа својот работен век како во образованието го има почнато во основното училиште „Симче Настоски“ во родната Вратница, по што продолжува да работи во тетовската гимназија„Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.Беше активна во општествено-политичкиот живот.
Погребот ќе биде утре, недела 20 октомври во Вратница во 12 часот.