Почина протојереј-ставрофор Мирко Станковски, кој повеќе децении беше свештеник и намесник на тетовското намесништво при тетовската епрхија.
-Во блажено успение, подај му Господи вечен покој на протоереј-ставрофор Мирко и направи споменот да му биде вечен! Од име на Тетовско-гостиварската православна епархија, од име на надлежниот епархиски архиереј Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и од собраќата свештенослужители изразуваме длабоко сочуство за загубата до неговото семејство. Нека Господ му подари Царство небесно и вечен покој, објави тетовско-гостиварската епархија
Опелото ќе се изврши на 12 јануари, петок во 14 часот во соборниот храм Свети Кирил и Методиј во Тетово.
фото ТГЕ