Соопштение на СВР Тетово за настани евидентирани вчера 17 октомври 2023 година.
Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер (17 октомври) околу 23 часот и 15 минути на регионалниот пат Боговиње-Пирок го лишиле од слобода 23-годишниот Е.А. од тетовско Жеровјане. Во патничкото моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, бил пронајден и одземен пиштол „Зораки 918“ со рамка со два куршуми за кои не поседувал никакви документи. Е.А. е задржан во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Вчера (17 октомври) околу 12 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 37-годишниот В.З. од тетовско село, кој претходниот ден бил пријавен од неговата 34-годишна сопруга дека во домот на нејзините родители, во друго тетовско село, се однесувал агресивно и дека и се заканувал. Во координација со јавен обвинител тој е задржан во полициска станица за целосно расчистување и документирање на случајот.
Шеесет и деветгодишниот тетовец И.И. вчера (17 октомври) во 13 часот и 20 минути во СВР Тетово пријавил дека еден час пред тоа во трговски објект во Тетово бил физички нападнат од сопственикот на објектот Б.И.(64). Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе следува поднесок.