Вчера (1 октомври) околу 19 часот и 10 минути во СВР Тетово бил повикан 40-годишниот Ф.М. од тетовско Жеровјане, кој претходно бил пријавен од 35-годишниот А.А. од тетовско Боговиње дека во месноста „Аеродром“ околу 14 часот со огнено оружје пукал кон неговото овчарско куче и го ранил. Притоа, од Ф.М. бил одземен пиштол „таурус 357 магнум“ калибар 357, 5 куршуми од истиот калибар и една испукана чаура. Се расчистува и документира случајот, по што ќе следува поднесок.
Полициски службеници на СВР Тетово вчера (1 октомври) на улица „Вонвардарска“ во Тетово го пронашле товарното патничко моторно возило „мерцедес спринтер“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Е.М.(32) од тетовска Голема Речица, кое претходно било пријавено за одземено. Возилото и производите кои биле натоварени во него се одземени од малолетник од тетовско Долно Седларце, кој се сомничи за инволвираност во случајот и му се вратени на сопственикот, а на Б.Љ.(26) од Тетово вратен му е скутер кој, исто така, бил во товарното возило. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Триесет и четиригодишна жителка на тетовско село Желино ноќеска (2 октомври) во 1 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавила дека нејзиниот сопруг В.З.(39) од истото село, околу 19 часот и 30 минути во семејниот дом физички ги нападнал неа и малолетниот син. Се расчистува и документира случајот.