Соопштение на СВР Тетово 26 мај 2024
Денеска (26.05.2024) во 02.30 часот во СВР Тетово, Р.У.(54) од Тетово пријавил дека претходниот ден околу 22.00 часот од домот се оддалечила неговата малолетна ќерка В.У.(14). Според пријавеното, таа до неодамна била во љубовна врска со С.М. од Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 25.05.2024 година во 11.30 часот во СВР Тетово, Б.Н. од Тетово пријавил дека во неговиот угостителски објект на улица „Маршал Тито“ во Тетово М.Н. од Тетово се однесувал агресивно, му се заканувал и кршел стаклени шишиња. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера (25.05.2024) од 08.00 до 22.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што биле откриени и санкционирани вкупно 13 возачи (ТЕ-5 и ГВ-8) за пречекорување на пропишаната брзина надвор од населено место. При контролата санкционирани се и 14 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-6 и ГВ-8). На возачите прекршители изготвени им соодветни поднесоци.