Речиси два часа од 16 до 18 часот голем дел од Тетово беше без снабдување со електрична енергија. Поради пожар на табла во една од продавниците на Зелен пазар, пожарникарите побарале од Електродистрибуција да се прекине напојувањето со електрична енергија за да можат да интеревенираат.
-Дел од тетовското градско подрачје попладнево имаше прекин во снабдувањето со електрична енергија по итно барање на противпожарните служби со цел да се спречи поголема несреќа бидејќи во одредена локација настанал пожар. Екипите на Електродистрибуција веднаш интервенираа на лице место, информираат од Електродистрибуција.
По надминување на ситуацијата, снабдувањето со електрична енергија е повторно нормализирано.
ас