Четириесет и шест годишниот Сашо Стојков беше најсреќен меѓу тројцата верници за Водокрст, ден пред Водови, во тетовската црква Пресвета Богородица каде се изврши Голем водосвет и спуштање на осветениот крст. Свештениците Томислав Јосифоски и Вељанчо Огненовски одржаа Утрена богослужба со Василева литургија и голем Богојавленски водосвет, по што се изврши и спуштање на осветениот крст во црковниот базен.
По крстот скокнаа тројца верници, 46 годишниот Сашо Стојков, 45 годишниот Горан Анѓелковски и 26 годишниот Нинослав Дамјановски.
-Во моите 46 години прв пат скокам по спуштањето на осветениот крст. На сите граѓани на оваа држава им посакувам здравје, среќа и благосостојба да им царува во нивните домови, изјави Сашо Стојков.
Оваа традиција, единствена во Тетово за чинот на спуштање на крстот да се извршува и на празникот Водокрст, односно еден ден пред Водици е почната во 1986 година. Тогашниот владика г. Кирил дал благослов за Голем водосвет и спуштање на осветен крст, а таа година е изграден и црковниот базен.
Централното одбележување на Богојавление Водици е утре во соборната црква Свети Кирил и Методиј каде осветениот крст митрополитот г. Јосиф ќе се спушти во црковниот базен по празничната литургија околу 9 часот и 30 минути.
ас