Соопштение на СВР Тетово 14 септември 2024
На 13.09.2024 во 15.20 часот во СВР Тетово, А.С.(52) од с.Пирок пријавил дека околу 12.50 часот неговиот малолетен син, додека бил во сендвичарница во близина на тетовско средно училиште, по вербална расправија со двајца други ученици од училиштето, бил физички нападнат од сопственикот на сендвичарницата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
……
На 13.09.2024 во 20.45 часот полициски службеници од СВР Тетово во с.Порој го лишиле од слобода Л.С.(38) од Порој. Тој бил пријавен дека во нивната семејна куќа физички ја нападнал неговата мајка. Л.С. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
……
На 13.09.2024 во 20.00 часот во ОВР Гостивар, С.Ш.(45) од Гостивар пријави дека претходниот ден околу 23.00 часот на улицата ,,Беличица” во Гостивар,пред маркет, бил физички нападнат од Ф.,,н” од Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.