Соопштение на СВР Тетово 28 mart 2025г.
На 27.03.2025 во 19.15 часот во трговски центар во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле А.С.(18) од с.Добарце, постапувајќи по претходна пријава дека во 18.40 часот заедно со неколку малолетници извршил кражба во продажен објект во трговскиот центар. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде поднесена соодветна пријава.
На 28.03.2025 во 00.30 часот во СВР Тетово, Н.Б.(51) од Тетово пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка А.Б.(19). Според пријавеното, можно е да заминала заедно со лицето Е.С.(23) од Скопје.
На 28.03.2025 во 01.50 часот во СВР Тетово, Ф.Х.(42) од с.Гајре, тетовско, пријавил дека околу 00.45 часот настанал пожар во неговото патничко возило ,,фолксваген џета“ со тетовски регистарски таблички, кое било паркирано пред врата од неговата семејна куќа во с.Гајре Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.