Соопштение на СВР Тетово 7 септември 2024
На 06.09.2024 во 22.10 часот полициски службеници од СВР Тетово на улица „Илинденска” во Тетово го лишиле од слобода О.И.(33) од тетовско Желино, кај кого при преглед била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 06.09.2024 во 21.10 часот во ПО Теарце, П.Ѓ.(62) од Куманово пријавил дека околу 19.30 часот во тетовско Варвара бил физички нападнат од С.А.(71), а исто така бил каснат од куче сопственост на С.А.. Се работи на расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.
На 07.09.2024 во 00.15 часот полициските службеници од СВР Тетово го привеле А.Х.(44) од Тетово, кој бил пријавен дека во угостителски објект во Тетово го нарушил јавниот ред и мир со викање, карање и непристојно однесување. Тој е задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок.
На 06.09.2024 во 20.15 часот во ПО Жеровјане З.Р.(59) од тетовско Милетино пријавил дека околу 21.30 во селото бил каснат од куче скитник.