Ноќеска (3 јули) четириесетина минути по полноќ, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 33-годишниот тетовец А.Б., затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.