Соопштение на СВР Тетово 17 јули 2024
На 16.07.2024 во 18.30 часот во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го привеле Б.Х.(40) од тетовско Гајре. Околу 15.10 часот на улица „Киро Ристовски Дрнц“, тој со патничко возило „фиат“ со тетовски регистарски ознаки удрил во паркирано возило „пасат“ со тетовски регистарски ознаки, по што го напуштил местото, а откако се вратил на местото агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 16.07.2024 во 12.20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.И.(50) Тетово, кој бил пријавен од неговата 40 – годишна сопруга дека во семејниот дом, тој и неговата ќерка од претходниот брак физички ја нападнале. Се работи на расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
На 16.07.2024 во 19.55 часот во СВР Тетово, А.Џ.(22) од тетовско Ѓермо пријавил дека, поради недоразбирање, на работното место во угостителски објект во Тетово бил физички нападнат од негов малолетен колега од тетовска Мала Речица. Се работи на расчистување на случајот.
Во рамките на континуираните активности што ги презема СВР Тетово за поголем ред и безбедност на сообраќајот, вчера (16-јули) во периодот од 08.00 до 13.00 часот спроведена е акциска контрола на пешаците и нивното однесување во сообраќајот. При контролата биле откриени и санкционирани 20 пешаци (ТЕ-16 и ГВ-14). Најголемиот број од пешаците 16 (ТЕ-12 и ГВ-4) ги преминувале улиците надвор од обележани премини, а 4 пешаци (ТЕ) не ја почитувале светлосната сообраќајна сигнализација. На сите прекршители изготвени им се поднесоци со парични глоби од 40 и 50 евра, како и покани за присуство на таканаречени сообраќајни поуки. Во акцијата, исто така, санкционирани се и 4 (ТЕ-3 и ГВ-1) други видови на сообраќајни прекршоци.
СВР Тетово го повторува апелот до пешаците да внимаваат кога и каде ги преминуваат улиците и како се движат по улици на кои нема обликувани тротоари, а возачите секогаш и секаде да им даваат предност, односно да ги пропуштаат пешаците, со што и едните и другите ќе придонесат за нивната и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот.