Соопштение на СВР Тетово 6 ноември 2024
На 05.11.2024 во 14.40 часот во тетовско село, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода Б.М.(44) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 46-годишна сопруга, при што употребил и стаклени предмети. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 06.11.2024 во 02.10 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Г.Ф.(21) од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 05.11.2024 во периодот од 10.00 до 13.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово презеле мерки и активности за сузбивање на асоцијални појава питачење на подрачјето на Полициската станица Тетово. Притоа, во 11.10 часот на улица „29 Ноември“, пред влезот на Клиничка болница во Тетово, била затекната како питачи Е.К.(32) од Тетово, при што ѝ бил изготвен соодветен поднесок.