Полициски службеници на СВР Тетово ноќеска (19 јули), половина час по полноќ во близина на спортската сала во Тетово ја лишиле од слобода 31-годишната А.Н. од Пробиштип, затоа што кај неа бил пронајден и одземен хероин.
Во 03.10 часот, пак, на улица „Маршал Тито“ во Тетово го лишиле од слобода 20-годишниот С.Г. од скопско затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.
Вчеравечер (18 јули) околу 21 часот и 30 минути на улица „Саво Тасевски“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 18-годишниот тетовец А.Ш. затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе следува поднесок.
Ноќеска (19 јули) околу 1 часот и 15 минути, на автопатот Гостивар-Тетово, во близина на Неготинска клучка, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 42-годишниот А.М. од тетовско Горно Палчиште, затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.