Соопштение на СВР Тетово 3 април 2024
На 02.04.2024 во 20:40 часот полициски службеници од СВР-Тетово ги лишиле од слобода О.Б.(38), А.Б.(42) и 32-годишната Ф.Б., сите од Тетово, кои пред тоа во СВР-Тетово биле пријавени од нивната снаа односно јатрва Т.Б.(35) од Тетово дека околу 19.15 часот во дворот на нејзината семејна куќа физички ја нападнале, а при нападот користеле и железен предмет, кој бил пронајден на лице место и одземен. Лицата се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и по расчистување и документирање на случајот против нив ќе следи соодветна пријава.
На 02.04.2024 во 15.30 часот во Полициско одделение-Групчин Б.Н. од тетовско село пријавил дека околу 06:30 часот во нивната семејна куќа неговиот син В.С., кој има психички проблеми, физички го нападнал, а при нападот користел и остар предмет. Се преземат мерки за расчистување на случајот.
На 02.04.2024 во 14:00 часот во СВР-Тетово, А.С.(58) од Тетово пријавил дека околу 13:30 часот во Горна Чаршија во Тетово, додека седел во неговото патничко моторно возило, бил физички нападнат од А.М. од тетовски Бродец. Се преземат мерки за расчистување на случајот.