Основен суд Тетово денес со официјална информација дека има донесено решение со кое Зијадин Села во иднина ќе се именува за претседател на партијата Алијанса за Албанците. Оваа вест вчера ја соопшти групата на Села, додека крилото на Арбен Таравари најави жалба до повисокиот апелициски суд во Гостивар.
„Основен суд Тетово Ве известува дека донесено е Решение под РПП.бр.1/24 од 01.04.2024 година, со кое Барањето за запишување на промена на Претседател на политичка партиіа Алијанса за Албанците со седиште во Тетово и барањето за промена на статусот на партијата Се уважува, во судскиот регистар на Политички Партии под РПП.бр.1/24 што се води пред Основен суд Тетово, се запишува промена на Претседателот, во иднина за Претседател на Партијата се именува Зијадин Села од с.Ливада-Струга, наместо досегашниот Претседател на партијата Арбен Таравари од Гостивар, се наведува во одговорот на Основен суд Тетово по барањето на Тетово инфо.
Правниот застапник Абидин Абдули на АА од редовите на Арбен Таравари денес преку прес-конференција образложи дека тројца судии се смениле пред донесување на оваа одлука.
„На оваа одлука и претходеше изземање на тројца судии. Првин предметот беше определен кај единствениот судија во Основниот суд во Тетово кој е надлежен да постапува по предметите на политичките партии, судијката Бојана Тоиќ, меѓутоа другата страна бараше нејзино изземање со образложение дека премногу бавно се работел предметот. Претседателот на судот, кој го уважи ова барање заборава дека предметите во Основниот суд Тетово се закажуваат и после шест месеци па и повеќе и не се процесираат со месеци и години. После тоа предметот беше доделен кај судијката Тодора па и кај неа имаше барање за изземање со образложение дека претседателот Арбен Таравари бил близок пријател со братот на судијката, иако тој бил починат пред 4 години. После тоа предметот беше доделен кај судијката Јасмина, која под очигледен притисок, дента кога го прима предметот, отвара боледување и така предметот стигнува до судијата Илир Реџепи“, посочи адвокатот Абдули.
Тој најави дека во законскиот рок од 15 дена ќе се поднесе жалба до Апелационен суд во Гостивар, а и дека ќе ги разгледаат и сите можности за кривична и процедурална одговорност на судот.
ас