Двајца браќа се приведени вчера откако најдена е дрога при претрес кај нив дома во Тетово.Најдена била марихуана во повеќе пакувања.
-На 11.10.2023 во 18.40 часот во Тетово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово ги лишиле од слобода К.Р.(24) и Л.Р.(22), двајцата од Тетово. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, во просториите кои ги користeле биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со околу еден килограм и 300 грама марихуана и дигитална вага, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Двајцата приведени биле задржани во Полициската станица Тетово, по шти бил запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
ас
фото СВР Тетово