Соопштение на СВР Тетово 17 декември 2024
На 16.12.2024 во 11.30 часот на улица „Димо Гавровски Кара“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја привеле А.М.(27) од с.Мала Речица, која била барана по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет, наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Таа била предадена во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
На 16.12.2024 во 13.00 часот, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го привеле Ж.Т.(22) од с.Туденце, тетовско, кој бил баран по централна и меѓународна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор во траење од 10 месеци за сторено кривично дело „прикажување порнографски материјали на дете“ по член 193 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 16.12.2024 во 16.20 часот, по добиени информации и преземени мерки, полициски службеници од СВР Тетово на улица „Илинденска“ во Тетово пронашле 336 парчиња пиротехнички средства, кои биле подигнати за понатамошна постапка.
На 17.12.2024 во 03.10 часот, полициски службеници од СВР Тетово ја пронашле Е.Б.(15) од Скопје кај незината тетка М.Џ.(54) во с.Сенокос , тетовско, а за која претходно во Полициската станица Драчево било пријавено дека се оддалечила од домот.
фото МВР