СВР Тетово во билтенот на случувања во изминатите 24 часа информира за две приведени лица-еден поради пријава за напад, а друг за најдена дрога.
Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (27 јуни) околу 20 часот и 45 минути, на регионалниот пат во тетовско Горно Палчиште, го лишиле од слобода 21-годишниот Е.Ф. од гостиварски Добридол. При негов и преглед на патничкото моторно возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки што тој го управувал му биле пронајдени и одземени кокаин и марихуана. Е.Ф. задржан е во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Вчеравечер (27 јуни) околу 23 часот и 10 минути, на улица “Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 40-годишниот тетовец В.М., кој претходно бил пријавен од 26-годишниот тетовец Б.В. дека во близина на угостителски објект на оваа улица физички го нападнал. Според пријавеното, тој употребил и остар предмет, но не го повредил. В.М. е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува поднесок.