Соопштение на СВР Тетово 14 декември 2024
На 13.12.2024 во 13.30 часот на улица ,,Штипска” во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле К.К.(43) од Тетово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од три години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, псикотропни сопстаци и прекурзори“. Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идриово за издржување на казната.
На 13.12.2024 во 15.10 часот на улица „Илинденска” во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода малолетничка од с.Мала Речица, тетовско, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. Таа е задржана во полициска станица и по документирање на случајот против неа ќе следува соодветен поднесок.
На 13.12.2024 во периодот од 22.10 часот на 13.12. до 00.45 часот на 14.12.2024, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Ш.Ш.(49) и З.И.(22), двајцата од с.Чегране, гостиварско. При претрес во угостителски објект во с.Чегране, извршен со судска наредба, сопственост на Ш.Ш., кај сопственикот и вработениот З.И. биле пронајдени и одземени 53 пакувања со кокаин, марихуана и пари. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.
На 13.12.2024 во 21.10 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода И.А.(44) од с.Чегране, гостиварско и С.Ш.(36) од Гостивар. Тие биле затекнати при купопродажба на кокаин. Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.
На 13.12.2024 во 23.05 часот во Полициското одделение Групчин, И.Х.(27) од с.Желино, тетовско, пријавил дека, откако ја затворил неговата бензинска пумпа на регионален пат Скопје -Тетово, во с.Желино и почнал да го брои дневниот промет, забележал 10-банкноти од по 100 денари кои биле фалсификувани, а кои биле пуштени во прометот при плаќање на услугите во бензинската пумпа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.12.2024 во 17.55 часот во СВР Тетово, Ш.И. (43) од Тетово пријавил дека околу 15.30 часот на улица ,,Иво Рибар Лола” во Тетово, поради недоразбирање околу паркирање на возило, бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.12.2024 во 18.15 часот на ул. „Струшка” во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.С.(31) од гостиварско село, кој бил пријавен од неговата 23 – годишна сопруга од Тетово дека ѝ се заканувал. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.