Црковниот одбор при православниот храм посветен на Света Богородица во Сетоле за утре, сабота 21 септември 2024 година подготвува црквно-народен собир по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица или Мала Богородица.
„Со почеток во 12 часот ќе се отслужи празнична служба и режење на кумскиот колач. По завршување на црковната манифестација ќе биде организиран ручек за сите присутни во црковната трпезарија, информираат од Црковниот одбор при православниот храм посветен на Света Богородица во Сетоле.
Рождество на Пресвета Богородица или Мала Богородица е еден од 12 големи празници во православието.
Голем број семејства ги посетуваат црквите за молитви и за благословување на славските лебови, виното и пченицата или пак за кревање на пресвета (панагија) по повод именден или за здравје по одреден повод.
Православните храмови во тетовско посветени на Света Богородица од кои дел и одбележуваат црковна слава се црквите во Беловиште, Сараќино, Сетоле и Тетово.
Богородица е родена во Назарет од стари и бездетни родители, благочестиви Јоаким и Ана како одговор на нивните молитви. Се слави на 8 септември според јулијанскиот календар или на 21 септември според грегоријанскиот календар.