Во денешното соопштение (10.11.2024) СВР Тетово информира дека на 09.11.2024 во 15.30 часот, во Полициска станица Тетово сама се пријавила Д.В.(28) од Русија поради пречекорување на дозволениот престој во Република Северна Македонија. Таа е задржана во полициска станица за понатамошна постапка.
Од СВР Тетово инфоррмираат дека на 10.11.2024 од 00.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола по угостителски објекти во врска со присуство на малолетници после полноќ и точење на алкохол на малолетници.
При тоа во еден угостителски објект во Тетово, била затекната малолетничка која консумирала алкохол. Малолетничката е предадена на семејството, а за сопственикот на објектот е изготвен соодветен поднесок.