Соопштение на СВР Тетово 24 јули 2024
На 23.07.2024 во 13.25 часот во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово се пријавил А.К.(30) од тетовски Порој, кој бил со патничко возило „бмв х5“ со швајцарски национални ознаки со кое учествувал во сообраќајна несреќа со велосипед, која била пријавена во СВР Тетово на 22.07.2024, а во која велосипедистот им подлегнал на повредите во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Возилото е задржано за вонреден технички преглед и криминалистичко-техничко вештачење. Известен е јавен обвинител и ќе следува соодветен поднесок.
На 23.07.2024 во 11.55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на кружен тек од булевар „Видое Смилевски Бато“ со улица „,Браќа Миладинови“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.З.(69) од Тетово, удрило во велосипед управуван од С.У.(28) од Тетово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово.
На 24.07.2024 во 02.00 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Л.Р.(23) и Ф.М.(27), двајцата од Тетово затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и против нив ќе следува соодветен поднесок.
На 24.07.2024 во 01.05 часот СВР Тетово, Е.К.(19) од тетовско Требош пријавил дека по вербална расправија бил физички нападнат од Љ.Н. од тетовски Порој, кој употребил и метален предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
На 23.07.2024 во 17.30 часот во СВР Тетово, К.Ќ (19) од Тетово пријавила дека околу 16.00 часот на улица ,,Видое Смилевски-Бато“ во Тетово, по кратка расправија, била физички нападната од Ф.„Н“ од Тетово. Се работи на расчистување на случајот и ќе следува соодветен поднесок.
На 24.07.2024 во 23.20 часот СВР Тетово, А.А. пријавила дека нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Се работи на расчистување на случајот.
На 23.07.2024 во 19:00 часот во СВР Тетово С.С.(42) од Тетово заедно со неговата малолетна ќерка која на 14.07.2024 беше пријавено дека се оддалечила од домот, пријавиле дека истата се вратила дома.