Соопштение на Општинската организација на СДСМ Тетово
Почитувани,
Општинската организација на СДСМ и советниците во Советот на општина Тетово остро ги осудуваат активностите и постапките кои општина Тетово, Градоначалникот Билал Касами и нивниот коалиционен партнер ДПМНЕ ги спроведуваат со цел менување на имињата на улиците во градот.
Билал Касами и неговиот коалиционен партнер останаа глуви и ги игнорираат повиците на јавноста дека менувањето на улиците во општина Тетово не е приоритет за граѓаните.
Тетово е симбол на мултиетничост и мултикултурност и во него живеат различни етникуми со свои специфични култури. Секогаш кога ДПМНЕ е на власт било тоа да е на локално или централно ниво се подгреваат меѓуетнички тензии и нетрпеливост. Доказ за тоа се настаните кои ги организираше ВРЕДИ а ДПМНЕ останаа неми на денот на прославата на независноста на Косово со 30% попуст на ски- картите на Попова Шапка, отворањето на улици во Тетово и одбележувањето на празниците без македонското знаме, изјавите на Касами за менување на грбот и химната на нашата држава. Со ваквото однесување на ДПМНЕ во Тетово само се потврдува дека ДПМНЕ се патриоти по потреба и на батерии и дека со своите патриотски флоскули само ги излажаа граѓаните.
Советничката група на СДСМ во општина Тетово целосно се повлекува од секоја структура и тело во општината која работи на постапката на менување на имиња на улиците.
Го повикуваме Мицкоски, како и советничката група на ДПМНЕ како коалициони партнери во Владата да ги стопираат овие активности за менување на имињата на улиците во градот и барем пред крајот на мандатот да се фатат за работа и да го исчистат градот од смет, да го решат сообраќајниот хаос и да обезбедат подобар квалитет на живот на граѓаните на општина Тетово.