Соопштение на Општинската организација на СДСМ Тетово:
Секогаш кога ОК на ДПНЕ во Тетово ќе се јави со соопштение или на прес како сега за Библиотеката „Кочо Рацин“ настанува мрак за културата во Тетово.
Така и овој пат со реакцијата во јавноста на пратеникот од опозицијата од Тетово, којшто никогаш не влегол во НУ ЦК „Иљо Антески-Смок“ Тетово (освен на партиска трибина или митинг) и којшто никогаш не бил член на библиотеката „Кочо Рацин“, а сега се јавува како најголем бранител на истата, со што монструозно и тенденциозно се обидува да манипулира со тетовчаните.
Иако е релативно млад пратеникот мора да знае, а ако не знае можел да се информира дека за време на владеењето на ДПНЕ од просториите на НУ ЦК „Иљо Антески-Смок“ на најгруб и примитивен начин беа избркани од своите простории матичните дејности: Литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“ кога комплетно беше фрлена и уништена целокупната архива од 1963 година (кога е формиран клубот) и големиот фонд на книги меѓу кои имаше ретки примероци; Фото Кино Студиото Тетово којшто беше фото и кино архивар на Тетово низ децениите, чија богата архива на форографии и филмови исто така беше уништена; хоровите „Лале“, „Менада“ и Младинскиот мешан хор; за да на крај да биде исфрлено од своите простории Драмското Студио Тетово кому му беа уништени дел од сценографиите од претставите, костимите и реквизитите беа целосно уништени, а единствено што беше спасено беа дел од фотодокументацијата. Е, тоа е заслугата на владата на ДПНЕ за културата во Тетово.
Што се однесува до просториите на Библиотеката „Кочо Рацин“, кадешто во монетов се наоѓа се исто така крајно неадеквани, а и тоа е по заслуга на владата на ДПНЕ, затоа што овој простор е наменски граден за угостителска дејност.
Непознавањето на пратеникот во кои простории треба да биде преместена библиотеката (тоа се просториите на ШК „Тетекс“ кому исто така владата на ДПНЕ му ги одзеде на незаконски начин), и тоа како времено решение, затоа што владата на ДПНЕ во 2010 година почна да го гради новиот објект на Театарот и Библиотеката и по 7 години од свечено отпочнување на градбата ја оставија само дупката кадешто беше фрлена првата лопата. СДСМ по доаѓањето на власт ја интензивираше изградбата на овој објект, којшто сега се наоѓа во фаза на уредување на ентериерот.
И за крај, крајно лицемерно и безобразно е да се спомнуваат просториите на СДСМ во Тетово, а притоа заборавајќи со кои пари се купени просториите на ОК ДПНЕ Тетово во Градскиот трговски центар во времето на груевизмот, на тој начин потсмевајќи им се на луѓето од чиј џеб беа земани тие пари, кои им беа ускратени на пензионерите, кои во тој период имаа мизерни пензии, од социјално загрозените и од болните на кои им беше потребно лекување во странство, за да со тие пари ДПНЕ во секој град се стекна со преубави партиски простории.
Тетово, 15.09.2023 година OO на СДСМ Тетово- Комисија за култура