Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер и ноќеска (16/17 септември)од 22 до 4 часот спроведоа акциска контрола на возачи- дали и колку од нив управуваат под дејство на алкохол, а во која биле откриени и санкционирани вкупно 25 возачи (ТЕ-14 и ГВ-11) кај кои било констатирано присуство на алкохол во организмот, односно крвта. Кај двајца возачи (ТЕ-1 и ГВ-1) утврдени се над 2 промили алкохол, а кај двајца (ТЕ) до 2 промили.
Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се законски предвидените поднесоци со парични глоби кои, зависно од степенот на нивната алкохолизираност, се движат од 225 до 375 евра во денарска противвредност. Покрај тоа тие ќе се соочат и со мерка-времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година.При контролата, исто така, биле санкционирани и 19 други видови на сообраќајни прекршоци(ТЕ-8 и ГВ-11).
Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел до возачите да не седнуваат зад волан доколку претходно консумирале алкохо