И вчера (11 јули) на тетовско-гостиварското подрачје продолжија засилени сообраќајно-контролни активности. Од 7 до 12 часот се контролираше првенство на минување, при што биле откриени и санкционирани вкупно 9 прекршоци (ТЕ-7 и ГВ-2).На возачите – прекршители изготвени им се поднесоци согласно член 41 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и тие ќе се соочат со парични глоби од 300 евра во денарска противвредност.
Санкционирани, исто така, биле и 14 (ТЕ- 7 и ГВ-7) видови сообраќајни прекршоци. Еден прекршок (ТЕ) бил констатиран подоцна при контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, претежно автобуси, такси комбиња и други возила. Станува збор за неисправни сопирачки, а законски санкционирани се и 3 (ТЕ) други видови прекршоци.
Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш апелира до возачите целосно да се придржуваат до сообраќајните знаци, правила и прописи и да придонесат за поголем ред и безбедност на патиштата, на кои деновиве е присутна зголемена раздвиженост, особено на оние кои водат кон туристичките центри во нашата земја.