Дивата депонија која е формирана од фрлен отпад кај надвозникот за излез од Тетово кон Скопје денес почна да се расчистува. Со механизација се подигаат купиштата отпад од страна на комуналното претпријатие. Градоначалникот Биљал Касами ја проследи оваа активност, а во изјава за медиумите рече дека депонијата е формирана од несовесни граѓани кои тука оставаат пред сè кабаст отпадот.
„Ги замолуваме нашите сограѓани да ова не треба да биде, нели лицето на Тетово. Не треба да биде тоа што сите ќе гледаат кога ќе влезат во нашиот убав град. Ги замолувам сите да не фрлат отпад каде што не е место, затоа што веќе има локацијата за фрлање на ваков вид на кабаст отпад која не е подалеку од 200-300 метри од ова локација. Тоа е бесплатно, работат шест дена во неделата, во текот на работен ден можат да однесат таму и да фрлат отпад кој ќе биде третиран понатаму согласно законските одредби“, истакна Касами.
Тој вели дека има луѓе кои се казнети за несовесно фрлање на отпад. Од јуни досега има десетици такви глоби.
„Околу 30 глоби дадени, односно, нели, казнети, граѓани, околу 50 во процес и околу стотина кои се пуштени, нели, опомени за, ако се повтори, нели, делото, ќе бидат и тие казнети. Значи, ние интензивно работиме, но би сакале да и граѓаните се свестат дека ние како локални власти, не можеме сами да придонесеме за чист и убав град. Значи, секој може да придонесе и секој треба да работи и во делот на тоа да не се фрла отпад, кај што не е местото, но и во делот на тоа да, ако гледаат некој да фрла отпад, кај што не е местото, да го пријават, затоа што само така ние можеме заеднички да придонесеме за чист и убав град“, истакна градоначалникот Биљал Касами.
Педесет евра (50) изнесува глобата за физички лица доколку фрлаат отпад на несоодветно место, додека повисоки износи има за правни лица