Наставничката Соња Трифуновска од Тетово вечерва одржа промоција на книгата наменета за деца од рана училишна возраст „Наде и Нено учат за животните“. Книгата е“ е едукативна сликовница со дигитални задачи.
– Сликовницата е на 40 страници има многу дигитален материјал и со тоа се понудени повеќе од тие 40 страници затоа што има и електронски книги и видеоматеријали коишто се снимени за креативни изработки. Материјалот е снимен со моите ученици. До дигиталните задачи се пристапува со скенирање на QR-кодовите со мобилен телефон и тие ги водат дечињата до линкови каде може да играат образовни игри, изјави Соња Трифуновска.
Инспирација за главните ликови се нејзини ученици близнаците Наде и Нено. Приказните со голем број дигитални задачи е обид читањето и учењето да биде многу забавно.
– Тие ме поттикнаа да ја напишам оваа приказна во која ќе научат децата повеќе за животните. Мотивот беше да ги поттикнам децата да учат на нов иновативен начин во кој ќе биде вклучена и технологијата во процесот на учење. Децата ги воведувам низ лавиринти, не е само основната приказна. Тие пристапуваат до различни сложувалки, поврзувалки, квизови на знаење, каде што проверуваат она што го научиле од приказните и на тој начин се учи ненаметното и она што ќе го научат може да го применат во секојдневниот живот, истакна авторката Соња Трифуновска.
На промоцијата актуелните ученици на наставничката Соња од прво одделение настапија со музички точки за животните.
Соња Трифуновска е наставник-ментор во ОУ „Гоце Делчев“ во Тетово. Има 15 години искуство како учителка и постојано создава образовни материјали. Авторка е на Прирачник со практикум за примена на наставни техники во наставата по македонски јазик и „Петар учи за здрава храна“. Воедно таа е ЕДУИНО амбасадор со снимени 25 лекции за колективниот портал ЕДУИНО и креирано 20 игровни активности за ЕДУИНО ран детски развој.
ас