Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (21 декември) околу 21 часот и 30 минути на улица „Илинденска“ во Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно расчистување на случајот на малолетникот ќе му биде изготвен законски предвидениот поднесок.
Триесет и седумгодишниот Н.С. од тетовско Палатица, вчера (21 декември) во 19 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 17 часот и 20 минути бил физички нападнат од Ф.Ј.(44) од истото село, во чиј угостителски објект бил вработен. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Вчера (21 декември) од 10 до 14 часот на поширокото тетовско подрачје спроведена е акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници. При контролата биле откриени и санкционирани 3 возила, односно возачи, од кои едно со неисправни сопирачки и две со непродолжена регистрација. Трите возила веднаш се исклучени од сообраќај и санкционирани се со изготвување на поднесоци со парични глоби кои се движат од 100 до 500 евра во денарска противвредност. Покрај ова, со поднесоци се заокружени и 12 други видови сообраќајни прекршоци, најмногу непрописно, односно погрешно паркирање.
Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово со уште еден апел до сопствениците на возила да ги паркираат само на дозволени места, а не каде ќе стигнат, особено во централното градско подрачје на Тетово. Зашто, деновиве значително е зголемена вкупната фрекфренција на возила по доаѓањето на времено вработени од странство. Се апелира, исто така, да избегнуваат паркирање во таканаречени „двојни редови“ кое во голема мерка го отежнува нормалното и безбедно движење на возилата, пред се на улиците со помал капацитет. СВР Тетово веќе значително го засили полициското присуство со служби и патроли, не само во централното подрачје, туку и воопшто, а пред се на крстосниците, со цел да се обезбеди поголема проточност на возилата по улиците и да ги отстрани и санкционира