Вчера (22 мај) во 12 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавено е дека на регионалниот пат Скопје – Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 28-годишниот Н.И. од тетовска Стримница и патничко возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувала 47-годишната Љ.Е. од тетовско Вешала, по што возилото „пежо“ удрило во паркирано возило „бмв“, сопственост на 53-годишниот тетовец Б.К.. Во несреќата, Љ.Е се здобила со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.