• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Над 500 илјади евра од ЕУ користи Општина Тетово во проект за иновативни дигитални решенија

23/05/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Општина Тетово денес организираше конференција како почеток на проектот „Иновативни дигитални општински решенија во Општина Тетово”.  Со средства на Европската унија, локалната самоуправа во соработка невладиниот сектор, Фондацијата Албиз ќе работи на подобрување на квалитетот на животот во општина Тетово преку дигитализација на услугите кои се се нудат на граѓаните.

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами истакна дека дигиталната трансформација е неопходност, не е само тренд, туку пред се потреба, за да им служи на граѓаните и правните субјекти.

-Дигитализацијата на локално ниво ја претставува првата слика за граѓаните ако државата е функционална, ефикасна или систем преоптоварен од бирократијата, ставајќи ги во втор план граѓаните кои ја финансираат. Дигитализацијата обезбедува транспарентност, инклузија и простор, создавајќи предуслови за добро и ефикасно владеење. Преку дигитализација и користење на дигитални платформи и алатки, граѓаните, медиумите, социјалните организации, бизнисите, ќе имаат пристап до информациите потребни за процесите и услугите. Ваквата трансформација ќе создаде јасни стандарди и ќе го поттикне користењето на општинските услуги од страна на локалните граѓани и бизниси. Јавната администрација и општините ќе имаат потенцијал да бидат најбрзиот, наједноставниот и најважниот извор на информации, процеси и услуги кои имаат влијание врз животот на граѓаните, изјави Касами.

Проектот „Иновативни дигитални општински решенија во општина Тетово“ е со буџет од 616.055,76 евра, од кои 523.647,40 евра се финансирани од Европската Унија.

-Целта на овој проект е да се олесни пристапот на самите граѓани до услугите кои што се обезбедуваат од страна на општината. За овој проект ЕУ има доделено повеќе од половина милион евра кои што се во форма на грант. Процесот на дигитализација на услуги не е лесен, ниту за оваа земја ниту пак за земјите членки на ЕУ. Ова е пилот –проект и во зависност од успешноста ЕУ планира да го реплицира овој проект и во другите општините. Парите се веќе обезбедени, ние со нетрпение очекуваме да го реализираме проект за придобивка на самите граѓаните. Од голема важност е овој проект да биде успешен, изјави Штефен Худолин, шеф за соработка во Делегацијата на ЕУ.

Почетокот на проектот беше на 17 јануари 2022 година и се очекува да трае 40 месеци. Општина Тетово и Фондацијата Албиз се главни корисници на овој проект и се одговорни за неговата реализација.

-Овој проект е многу важен да креираме политики, тие услуги што ќе ги дава Општина Тетово да ги даде на високо ниво, да ги дигитализираме преку овој проект. Ова е пример за меѓусекторска соработка, помеѓу општината, фондацијата  Албиз од невладин сектор и ЕУ придонесува за подобар живот за граѓаните, изјави Бесир Дерњани, директор на Фондација Албиз.

Проектот предвидвува создавање на геоинформативна ИКТ општинска платформа со фокус на урбанистички и инспекциски услуги, дизајн на мобилни апликации за општински услуги и друго.

ас

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Од 8 до 13 часот во акциска контрола казнети за техничка неисправност

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!