Соопштение 17 септември 2024 на СВР Тетово
На 17.09.2024 во 00.50 часот во населба Дреновец во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.С.(19) од с.Требош, тетовско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 16.09.2024 во 23.00 часот во СВР Тетово, С.С.(27) од скопско Крушопек пријавил дека на улица „Борис Кидрич“ во Тетово бил физички нападнат од две лица, кои употребиле и метален предмет и му нанеле тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
На 17.09.2024 во 00.50 часот во СВР Тетово, А.Ќ.(48) од с.Теарце, тетовско, пријавил дека околу 19.15 часот на улица ,,Маршал Тито“ во Тетово, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник од с.Нераште. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.09.2024 во 13.00 часот во ОВР Гостивар, Т.Д.(76) од Гостивар пријавил дека на улица „Павле Аврамоски“ во Гостивар бил каснат од куче скитник.