Коалицијата „Вреди“ по вчерашното прегласување во изборното место 2101 во селото Ларце, Општина Желино доби уште еден пратеник во шестата изборна единица, на сметка на коалицијата на ДУИ – „Европски фронт“. Во 5-та изборна единица состојбата со пратенички мандати останува непроменета.
„Во изборната единица 6, коалиција „Европски фронт“ има освоено вкупно 53 731 глас, односно осум мандати, а коалицијата ‘Вреди’ 47 849 гласа или осум мандати“, соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски.
Сега СДСМ и ДУИ сега имаат по 18 пратенички места, а Коалиција Вреди со добиениот плус еден имаат вкупно 14 пратеници. ВМРО – ДПМНЕ останува на 58 освоени пратенички места, како и ЗНАМ и Левица со по шест.