Вработените во Македонска Пошта-подружница Тетово и денес два часа од 8 до 10 часто протестираат поради условите во кои работат. Протестите ќе се одвиваат се до остварување на барањата на Синдикатот, редовна исплата на платите и реорганизација.
„Постапката за систематизација на новите работни места е темел и основа за понатамошна стабилизација и функционирање на друштвото. Владата треба да се заземе за интересот на Македонска пошта, бидејќи 2.000 вработени ќе останеме на улица и ќе бидеме единствен пример во светот државна пошта да не функционира, односно да не постои, истакнуваат од Синдикатот.