Сојуз на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи со соопштение по повод втората јавна дебата за предлози за имиња за улици.
Почитувана јавност,
втората јавна дискусија за собирање предлози за промена на имињата на улиците помина дури полошо и беше понепосетена од претходната. Се наметнува прашањето дали и тие два до три присутни граѓани се јавност или дел од службите на општината па морале да бидат таму.
Ова е целосно делегитимирање и демаскирање на еден злонамерен план. Веруваме и заблагодаруваме за совеста на граѓаните на Тетово кои го делегитимираа планот на Касами, кои во отсуство на политичка мобилизација и срамен молк од политичките чинители, кажуваат гласно НЕ!
Општина Тетово сепак информира дека во овој нелегитимен и лажиран процес прибрала близу 1000 предлог имиња за улици. Прашуваме дали тоа е списокот полн со фашистички, балистички и терористички имиња кој одамна е подготвен на бирото на градоначалникот? Прашуваме и дали Општината, советниците и градоначалникот се свесни колку гнев и разочараност има помеѓу народот?
Нема да помине! Тетово е антифашистички град, во кој суштински важно е да се негуваат соживотот и општествената кохезија и мир.