Во рамките на планираните активности за поголем ред и безбедност во локалниот и меѓуградскиот јавен превоз на патници, на подрачјето на СВР Тетово вчера(13 октомври) беше спроведена уште една од серијата контроли на автобуси, со посебен акцент на нивната техничка исправност.
При контролата биле откриени и законски санкционирани вкупно 10 прекршоци. Најголемиот број од нив, се однесувале на неисправни сопирачки и неисправни други уреди и системи.
-СВР Тетово повторно со апел и совет, посебно до превозниците кои користат автобуси и комбиња, навреме да ја проверуваат техничката исправност, да ги почитуваат ограничувањата за максимален број на патници и да ги поседуваат сите потребни документи за вршење на јавен превоз.Со тоа најнепосредно ќе придонесат за сопствената, безбедноста на патниците и на другите учесници во сообраќајот, вели портпаролот Марјан Јосифоски.
Технички неисправните веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се платни налози со парична глоба од 400 евра, а со глоби ќе се соочат и фирмите-нивни сопственици.
ас