Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, кој денес беше во Јегуновце информираше дека нема пријавено проблеми во компјутерските системи на македонските институции откако за системски падови медиумите јавија дека се случиле во голем број држави низ светот.
„Добро во ситуацијата е што не станува збор за сајбернапад туку станува збор за несоодветност на ресурсите на платформата Мајкрософт. Тоа е нивното известување, и дека одредени институции коишто биле поврзани на таа платформа преку нивните сервиси, имало некои недостаток и предизвикале некој пад на системот. Што се однесува до државните институции, во постојана комуникација сме и со министерката за енергетика, но и со другите одговорни лица, не се пријавени до сегашни падови на системите во државните институции, информираше Андоновски.
Според него, имало проблеми во системите во приватниот сектор, но само во изолирани случаии.
„Дополнителни информации може да имаме во текот на утрешниот ден, но како што ја гледам ситуацијата во моментот, станува изолиран инцидент во Мајкрософт и со него поврзани системи, така што не очекувам да има повеќе проблем во државните институции, истакна Андоновски од тетовско Јегуновце каде потпиша меморандум за соработка со градоначалникот.
Тој рече дека и во Македонија се работи на изработка на стратегијата за сајбер безбедност и изработка на законот за сајбер заштита.
ас
фото МДТ