Пејачката Сузана Гавазова вечерва премиерно го објави видео запис за најновата песна „Света земја“ кој е снимен во Тетово, а во кој пее и тетовскиот детски хор „Крешендо“ на диригентките Фотини Георгиадис Кировска и Марија Пулковска Здравковска.
Спотот се снимаше во Меморијалниот музеј на КПМ, црквите Света Петка-Сиричино, Свети Илија и Света Екатерина во Стенче како и Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“-Тетово.
Текст:
Нема сила која може земјо моја да ме земе
ти го давам мојто срце, јас ке бидам до крај со тебе
давам живот земјо моја, со тебе сум во добро и во лошо
со тебе делам среќа и тага чувај ја Боже Македонија
Ова земја колку трае, за маки само таа знае
горда сум што пеам сега, во света земја на Македонски
Ова земја колку трае, за маки само таа знае
Горда сум што пеам сега, во света земја на Македонски
Камбани стари, в црква бијат
стари луѓе плачат и молат
да се вратат синој наши
златно сонце да ги грее
Оваа песна ќе ти каже
да се вратиш да се сетиш
кој си, што си, кој те сака
а таа е само Македонија.
Видео: youtube.com/c/SuzanaGavazova