Соопштение на СВР Тетово 19 септември 2024
На 18.09.2024 во 19.00 часот на улица „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово привеле малолетник од Тетово затоа што при легитимирање се обидел да избега и од појасот му паднал сигнален пиштол. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок по член 80 од Законот за Оружје.
На 18.09.2024 во 15.00 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ш.Б.(41) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 65 – годишен татко дека околу 12.45 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка, агресивно се однесувал кон членовите на семејството, со закана им одзел пари, оштетил дел од покуќнината и го оштетил нивното возило во дворот. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 18.09.2024 во 14.40 часот во ОВР Гостивар, 31 – годишен гостиварец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 760 евра. Според пријавеното, околу 09.00 часот лицето се јавило преку социјална мрежа и се претставило како Р.М. од Република Србија, кој работел во хуманитарна организација. Како што е пријавено, лицето го видело апелот за помош за негово лекување во странство и сакало да помогне со донација на поголем износ, но било потребно прво тој да изврши уплата од 760 евра бидејќи таква била процедурата. Исто така, според пријавеното, откако ги пратил парите преку брз трансфер на пари, лицето го блокирало, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.