Соопштение на СВР Тетово.
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (20 ноември) околу 13 часот и 30 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово, со судска наредба, го привеле 60-годишниот тетовец Н.Б. кој се барал за издржување затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
Четириесет и деветгодишниот С.И. од тетовско Желино. вчера (20 ноември) во 11 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавил дека на 29-ти минатиот месец во неговиот трговски објект влегло едно лице и побарало да му разменат во денари две банкноти од по 50 евра, за кои подоцна утврдиле дека се фалсификувани. Банкнотите се одземени за вештачење и се расчистува случајот.
Полициски службеници на СВР Тетово вчера (20 ноември) околу 19 часот и 10 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово ја пронашле 20-годишната М.Л. од Струга за која претходно било пријавено дека се оддалечила од домот