Соопштение на СВР Тетово 14 јуни 2024
На 13.06.2024 во 14.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека во домот бил пронајден починат И.И.(77) од Тетово. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а пo наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово.
На 13.06.2024 во 23.00 часот во СВР Тетово, 23 – годишна девојка од тетовско село пријавила дека нејзиниот татко во семејниот дом агресивно се однесувал кон неа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.06.2024 во 22.35 часот во СВР Тетово било пријавено дека пред угоастителски објект на ул.„Бане Стефановски“ во Тетово, Ѓ.С.(37) и М.Н.(25), двајцата од Тетово, биле физички нападнати од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.06.2024 во 04.40 часот на ул.„Јане Сандаски“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Е.Б.(29) од Косово и Џ.К.(21) од Србија затоа што оствариле илегален влез во државата и непријавено престојувале на подрачјето. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.