Тешки телесни повреди добила 24 годишна тетовка во сообраќајна незгода попладнево околу 17 часот и 30 минути. СВР Тетово информира дека тоа се случило на крстосницата на улиците “Борис Кидрич” и “Благоја Тоска”.
-Се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило ,,мерцедес” со тетовски регистарски ознаки управувано од Љ.Х (21) од тетовска Стримница и мопед, исто така, со тетовски ознаки што го управувала 24-годишната тетовка Е.З.Во несреќата, таа се здобила со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, информира Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.