Соопштение СВР Тетово 9 јули 2024
На 08.07.2024 година околу 21.15 часот на регионален пат Тетово-Волковија, поточно во тетовско Брвеница, патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.Ј.(73) од тетовски Челопек, удрило во пешакот 87-годишната Р.А. од Брвеница. Во несреќата Р.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на лице место изврши увидна екипа од СВР-Тетово.
На 08.07.2024 година во 19.25 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистрален пат Гостивар – Кичево, поточно на влез во каменолом во Гостивар, мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(21) од Скопје, излетал надвор од коловозот. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар во Гостивар. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.
Ноќеска (09.07.2024) во 00:00 часот во Тетово на крстосницата помеѓу улица „Штипска“ и „Киро Ристовски Дрнц“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода М.М.(28) и М.Ш.(30), двајцата од Тетово. Имено, кога во непосредна близина забележале полициски службеници, тие исфрлиле ќесе со марихуана. Двајцата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.
На 08.07.2024 година во 22:30 часот во Тетово на улица ,,Иво Рибар Лола“, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.Б.(47) од Тетово, затоа што околу 22:10 часот во СВР-Тетово бил пријавен од неговата невенчана 40-годишна сопруга дека агресивно се однесувал кон неа и ѝ се заканувал. Се работи на расчистување на случајот.
На 08.07.2024 година во 15.00 часот во ОВР Гостивар, 25-годишна гостиварка пријавила дека на 05.07.2024 година околу 12.00 часот нејзиниот невенчан сопруг Ф.Н. од гостиварски Градец, со кого биле разделени, барајќи од неа да повлече судска пријава во врска со семејно насилство, со сила ја однел со такси во неговиот дом и ѝ упатил закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.07.2024 година во 15.50 часот во СВР Тетово Ф.Д.(20) од Тетово пријавил дека околу 00.30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово бил физички нападнат од четири лица, од кои едното од тетовски Требош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.07.2024 година во 08.45 часот во Полициско одделение Јегуновце, С.М.(69) од тетовско Жилче пријавила дека во селото била касната од куче скитник.
На 08.07.2024 година во 10:30 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека М.К.(53), за која на 06.07.2024 нејзиниот сопруг Ш.К.(54) од гостиварско Калиште пријавил дека се оддалечила од домот, се вратила дома.