Соопштение на СВР Тетово 19 октомври 2024
На 18.10.2024 година во 19.35 часот во СВР Тетово, Е.Б.(33) од Тетово, пријавил дека од дома во непознат правец се оддалечила неговата сопруга С.Б.(39). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 18.10.24 година во 20:50 часот полициски службеници од СВР Тетово на улица ,,Илинденска” во Тетово, поради непријавен престој во РСМ, ја привеле Л.М.(22) од Р. Косово. Таа е задржана во полициска станица за понатамошна постапка.
На18.10.2024 година во ПО Попова Шапка Ф.О.(39) од с. Шипковица, пријавила дека околу 18.00 часот во селото, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.